Охриѓанецот Александар Петрески со нова авторска песна насловена „Judy“. Видеото, вели Петрески, во едно преубаво јулско приквечерие на местото кое тој го нарекува Филип Втори (помеѓу Канео и Лабино во Охрид), во една преубава дружба го снимил заедно со видео и аудио продуцентот Даниел Јовески.
Никогаш не сум се осетил посигурно пред камера и искрено ја уживав секоја секунда, знаејќи каков мајстор стои зад камерата! Сонцето полека го напушти хоризонтот, а ние полни со позитивна енергија го запревме времето и запишавме историја подарувајќи Ви го ова видео, вели Петрески.
Музиката, текстот, аранжманот и миксот се авторско дело, додека мастерингот и видеото на Јовески.
OhridNews