На 03.02.2024 околу 02.40 часот во ОВР Струга било пријавено дека на ул. „Партизанска“ во Струга, патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 28 годишно лице од Охрид, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.
OhridNews