Охридскиот режисер на привремена работа во Романија, Илија Пиперкоски, деновиве го заврши снимањето на најновиот филм, првиот од трилогијата на краткометражни ( road movie ) филмови кои меѓусебно се поврзани и ќе направат еден среднометражен филм. Во трите филмови се зборува за еден ист настан кој се доживува различно (трилер, комедија и драма). Во секој од нив, покрај лажните надежи и соништа на ликовите, како содржина се зборува и за пост – комунистичкиот систем во Романија кој сеуште не е завршен без разлика на тоа што Романија е во Европската Унија.
Продуцент и режисер на филмот е Пиперкоски, а сценаријата се на двајца млади талентирани романски сценаристи Мируна Василеску и Александру Иванеску. Филмот се вика “Chef de Chef” – “Луда Забава”. Филмот ќе биде снимен во стил на “Nouvelle Vague” (“Новиот Бран” или Кинематографија на Минимализмот), стил во кој е работен романскиот филм “4 месеци, 3 недели и 2 дена” кој триумфираше на канскиот фестивал.
сцени од новиот краткометражен филм на Пиперкоски
Во филмот глумат неколку актери од новата романска генерација. Премиерата на филмот се очекува да биде во ноември на некој од европските филмски фестивали.
ohridnews