Охриѓанки засилено се подготвуваат за стартот на вториот дел од сезоната. По смената на тренерската позиција, клубот кој во вториот дел од сезоната ќе настапува под името “Билјанини Извори“,  викендов ќе ја има првата конторола во предсезоната.


– Цел ќе ни биде да го подигниме квалитетот на играта и секако да го омасовиме женскиот фудбал во Охрид. Квантитетот ќе даде квалитет – вели Никола Павлески од ЖКК“Билјанини Извори“.


Противник на првата контрола ќе им биде битолски Топ Гол. Натпреварот се игра во сабота во 11 часот.

М.П.