Дел од причината поради која Билјана 006 одигра слабо во финалето е секако и малиот број одиграни натпревари.
– Задоволни сме од тоа како мина сезоната, игравме во Куп финалето, а исто така игравме во финалната серија за титулата. Големата пауза и откажувањето на серија натпревари во оролоџо лигата си го сторија своето и во финалето не бевме рамноправен противник. За нас несватливо е како може екипите едноствано да одлучат да не допатуваат да не ги играат натпреварите од првенството. Во вториот дел од шампионатот одигравме само два натпревари и тоа како гости, по што без други натпревари освен оној во Куп-финалето влеговме во финалната серија во која видовте и самите како заврши– вели капитенот Балазоска, која сезоната ја заврши со “пукнат“ нос, повреда која ја заработи во последниот натпревар во Скопје.