Со почетокот на пролетта девојките и жените од Охрид  започнуваат се
повеќе да се грижат за својата телесна тежина и својата витка линија
најчесто ја оформуваат со зголемена физичка активност. Посетуваат часови
за аеробик и уплатуваат термини во професионалните фитнес центри.

Во охридско работат голем број фитнес центри со посебни термини за жени,
а додека пак професионални часови за аеробик можат да се земаат кај
неколку обучени инструктори. Месечната уплата за аеробик или за фитнес
чини од 500-600 денари, месечно.

Упатените велат дека физичката активност е исклучително битна за здраво
функционирање на целиот организам, но треба да се знае дека потребно е
континуирано вежбање во текот на целата година, за да се постигне убав и
траен ефект.

-Ретки се жените кои вежбаат преку целата година, тие најчесто вежбаат
само на пролет или на лето кога сакаат да ослабнат за да изгледаат
поубаво во летната гардероба. Наглото намалување на телесната тежина и
преоптеретувањето на мускулите никогаш не дава задоволителни  и трајни
резултати. Голем дел од оние кои што брзо ослабнуваат, многу брзо ги
враќааат загубените килограми.-велат фитнес, инструкторите.

Тие нагласуваат дека најчести посетители на фитнес центрите се помладите
охриѓанки, додека пак оние во повозрасните години не внимаваат многу на
одржувањето на својата линија и телесната тежина.

Е.Е.