Охридската Билјана 006 се пријави за натпреварите во женското првенство но настапот е ставен под знак прашалник откако охриѓанки се уште не добиле зелено светло за тренирање во спортстката сала.
– На две три недели пред стартот на првенството, ние не сме влезени да тренираме во спортската сала.И покрај најавите дека охридските клубови ќе се стават под закрило на општината, која ќе ги превземе обврските за обезбедување термини за тренинг како во СРЦ Билајнаи Извори, така и во некоја од спортските сали тие најави се уште не се остварени – вели Весна Балазоска од ЖКК“ Билјaна 06“.
Балазоска дел од проблемот лоцира и во сојузот на спортови кој како што вели таа подолго време не функционира.
–
Спортските клубови сме оставени сами на себе да се снаоѓаме како знаеме и умееме – рече Балазоска која потенцираше дека
не треба да се оди далеку за да се види како треба да функционира еден сојуз на спортови, туку само да се посети Струга каде очигледна е поставеноста на општината кон спортот, за негово унапредување , развивање и насочување на младите кон еден поздрав начин на живот, како и е изборот на најдобар спортист,најдобар клуб и ред други категории.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com