Дерби натпреварот во најсилното женско кошаркарско првенство помеѓу Билјана 006 и Вигор ќе се одигра спред распоредот т.о. недела од16 часот.

До потврдувањето на терминот за одигрување на овај натпревар претходеше жестока преписка на релација ЖКК Билјана – КФМ, откако федерацијата одлучи на бараање на Вигор да го одложи натпреварот за следната година.

Скопјанки бараа мечот да се игра во Сабота, иако општо познато е дека како домаќин Билјана натпреварите ги игра во недела од 16 часот.  

На одложувањето на мечот од страна на КФМ, ЖКК Билјана регираше со допис во кој се вели дека во колку мечот се` одложи, ќе ја напуштат лигата.

По ваквата реакција од канцеларијата на КФМ стигна ново соопштение потпишано од комесарот за делгирање натпревари Томе Димишкоски во кое се вели дека откако не успеале екипите да се договорат останува мечот да се одигра во термниот кој го обезбедиле  домаќините, недела од 16 часот.

По целата оваа ситуација од ЖКК Билјана уште еднаш се прашуваат чии интереси заштитува КФМ, на кошарката или на Вигор Скопје ?

М.Постоловски