Во организација на Женскиот центар „Бисера“, вчеравечер во Охрид беше организирано едукативно предавање од областа на здравството на тема „Мозочен удар“.
За симптомите, ризиците и певенцијата од мозочен удар зборуваше доктор Маја Божиноска Смичоска од Здружението за борба против мозочен удар.
Активистките од Женскиот центар „Бисера“ до сега имаат организирано низа здравствени предавања кои се посветени на превенцијата од различни заболувања и кои го привлекуваат вниманието на охриѓанки.
OhridNews