Трибина за ракот, превенција и тарапија на овааа современа болест се одржа синоќа во големата сала на Општина Охрид. Трибината ја организираше Клубот на жени при ОО на СДСМ-Охрид во соработка со здружението за борба против ракот „Животна Искра“.

На трибината д-р Дева Петрова специјалист онколог од Универзитетската клиника за радиологија и онкологија-Скопје се осврна на превенција, скрининг, дијагностика и современа терапија за ракот на дојка, потенцирајќи дека оваа смртоносна болест кај нас се уште  претставува табу тема. Таа посочи дека светските статистики за степенот на заболеност и смртност од оваа болест се загрижувачки и дека е потрбна широка општествена акција за да се добие битката со ракот.

На трибината говореше и д-р Билјана Гроздановска-специјалист онколог на одделот за тумори на дигестивниот тракт на Универзитетската клиника за радиологија и онкологија-Скопје која се осврна на дијагностика и современа терапија за  лекување на ракот на дебело црево кај мажите и жените – болест која исто така зема се поголем замав.

На трибината свое обраќање имаа и претседателот на „Животна искра“ Виолета Томовска и потпретседателите на здружението Теута Крашница-Чучкова и Емине Адеми. На трибината беа изнесени  податоци на Републичкиот завод за здравствена заштита, според кои во
последните десетина години стапката на новорегистрирани случаи на
заболени од рак во Македонија е зголемена за 37,5 проценти.

ohridnews