Одличната форма во втората фаза и триумфот над Вигор во Охрид (единствен во сезоната за скопјанки) им даваат право на охриѓанки да се надеваат на позитивен резултат во пресрет на полуфиналето во Вардар Осигурување Првата македонска кошаркарска лига – жени.

–    Растеретени патуваме во Скопје – вели Весна Балазоска капитенот на Билјана 006. Нема што да изгубиме на овај натпревар, во супер форма сме, расположението во тимот е одлично.

Во второто полуфинале Изградба Комерц Младинец го пречекуваат тимот на Пелистер

Полуфиналните серии се играат во две добиени натпревари, а двете серии стартуваат од 0:0 во победи.

Термини на одигрување на првите четвртфинални натпревари во Вардар Осигурување Првата македонска кошаркарска лига – жени:

12 април (сабота)
Вигор Скопје – Билјана 006 (Скопје, сала “Јане Сандански“ – 16.00 часот),

13 април (недела)
Изградба Комерц Младинец – Пелистер (Скопје, сала “Градски парк“ – 12.00 часот).

М.П.