Дербито на првата женска лига во Охрид им припадна на скопјанки кои во поларни услови лесно ги совладаа охриѓанки 71-46.
Одлучувачка во вака високата победа беше втората четвртина во која охриѓанки постигна само два поени.

Кај “белите“ единствено расположена за игра беше Балазоска која со 32 поени беше најефикасна на теренот.
Кај Вигорки Стојановска со 25 п го предводеше “квартетот“ кошаркарки кои мечот го завршија со двоцифрен број на поени.

Од записникот

Билјана 006 – Вигор 46-71 ( 11-23, 2-20,11-11, 22-17)
Сала Б.Извори. Гледачи 50. Судии Дамески и Деспотовски (Прилеп). Делегат Божиновски – Битола
 
Билјана 006 : И.Ангелоска , Тилоска  , Горичан, Балазоска 32, , Булоска, Патчева ,Стерјовска, Н.Кузеска 4, Миладиновска 5 , Ж Ангелоска 5.

Вигор : Секулоска 6, Јаневска,  Живковиќ 25 , Тантуровска 13, Ацковска 13, Стојановска 10,  Раденковиќ, Бондикова, Домлевска, Гемтовска 4.