Охридската Билјана 006 не успеаа да обезбеди пласман во финалето во националниот куп. Охриѓанки во полуфиналето беа убедливо поразени од Младинец со 70-40.
„Сините“ немаа решение во одбрана за расположената Димовска која натпреваро го заврши со 27 постигнати поени. Двоцифрени завршија уште и Хоџа со 14 и Митрашиновиќ со 11 поени.
Единствени кошаркарки во охридскиот табор со двоцифрен број на погодоци завршија Балазоска 19 и Миладиновска 11.
Противник на Младинец во финалето ќе биде бранителот на трофејот Вигор Скопје кој со 86-59 го победи Нарконон од Кавадарци.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com