Женскиот фудбалски клуб Билајнини Извори направи голем успех со пласманот на завршниот финален турнир во Скопје со двете генерации. По петте одиграни турнири екипата на Билјанини Извори го освои првото место во двете генерации.

– Тоа и ни се оствари. Пред почетокот бевме малку скептични, но сепак со една сериозна и напорна работа со тимска игра обезбедивме значаен пласман на Ф4. Сега останува да ги согледаме нашите недостатоци во играта и комплетно подготвени да влеземе во борба за висок пласман со двете генерации – изјави тренерот Никола Николоски. – Желба на секоја фудбалерка беше да игра на финалниот турнир. Тоa беше главниот мотив и цел на нашата екипа во текот на сите натпревари. Сега ни преостанува добро да се подготвиме и да бидеме најдобри во Македонија – додадоа капитените во двете генерации Положани и Мојсоска. 

На финалниот турнир во Скопје во генерацијата 2001/02 покрај Билјанини Извори пласман обезбедија Шарпланинка од Тетово, Тиверија од Струмица и од Топ Гол од Битола, додека во генерацијата 2003/04 пласман обезбедија Билјанини Извори, АСС Јунајтед од Струга, Тиверија од Струмица и Топ Гол од Битола.

OhridNews