Охридската Билјана 006 лесно и убедливо стигна до првата победа во новата година . Охриѓанки до четвртата победа во шампионатот стигнаа откако со  75-57  го совладаа тимот на Водњански Лисици. За скопјанки ова е петти пораз во шестиот натпревар.


Натпреварот помина во доминација на избраничките на Михајловски кои  уште од првиот период остварија минимална предност. До полувремето “белите“ покажаа кој е кој на теренот и  се одлепија на плус 21,  44-23.

По одморот домаќинките го задржаа ритамот не дозволувајки скопјанки да се приближат. Последниот период во кој добија шанса помладите, подобро се снајдоа “лисиците“ ублажувајќи го високиот пораз. 

Со двоцифрен број на поени натпреварот го завршија Балазоска 24 и Кузеска 20 поени , додека кај гостинките најпрецизна беше Стојановска уфрлајќи 17 поени.

Билјана 006 – Водњански Лисици 75-57 ( 14-11, 30-12, 17-10, 14-24)

Билјана 006 :  Анѓелоска 4, Тилоска,  Балазоска 24, Цветаноска 4, Тренеска, Гаврилоска 6, Миладиновска 9,  Н. Кузеска 20,  Рајчиноска 9, Горичан, Сидорова.

М.П.