– Наша цел е да го омасовиме женскиот фудбал во Охрид. За таа цел клубот го “преселивме“ во новите простории и дополнително ќе се опремиме со опрема и спортски реквизите – вели Никола Павлески еден од тренерите во клубот.
Охриѓанки на стартот на пролетниот дел забележа победа од 2-0 на гостувањето во Битола. Наредниот натпревар ќе го играат в сабота во 14 часот против тимот на Црешово Топче.