Стартот на финалето во кошаркарскиот шампионат за жени, ќе започне в среда 6-ти мај. Охридската Билјана 006 втор пат од своето формирање ќе игра во големото финале. Слично како и првиот пат така и овај пат противник на охриѓанки е скопски Вигор.
Натпреварите ќе се играат по системот среда-сабота. Серијата започнува во Скопје, а вториот дуел ќе се игра на 9 мај во Охрид, а третиот натпревар повторно во Скопје на 13 мај. Ако има потреба, ќе се игра и четврти натпревар и тоа уште еднаш во Охрид на 16 мај, а „мајсторката“ е планирана на 20 мај во Скопје, по што ќе биде познат и новиот шампион во женска конкуренција.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com