Неизвесно е продолжувањето на натпреварите на охридската Билјана 006. Охриѓанки кои се препуштени сами на себе сериозно размислуваат дали да се појават на теренот во Битола, на мегдан на Пелистер во рамките од купот наредната недела.

Оваа сезона за нашата екипа е една од најтешките, бидејки од старт се соочивме со многу проблеми. На стартот на првенството неизевсно беше нашето тренинарње во спортската сала, бидејки ,вратата на СРЦ “Билјани Извори” беше затворена за тренинг за сите спортски клубови на ниво на Охрид , а тоа до ден денес е така– велат од Управата на клубот.


Од управата на клубот истакнуваат дека е несфатливо како еден клуб кој се натпреварува во Првата лига да нема никаква поддршка од локалната самоуправа и да тренира во школска сала во која неможе да се игра баскет, а камо ли да служи за тренирање на прволигашка екипа.

Женската кошарка во Охрид датира од 1986 год како дел од најелитното друштво во женска конкуренција и долги години е традиција на градот и синоним за женска кошарка во Македонија.

Доколку градот Охрид смета дека нема потреба да има прволигашка екипа тогаш тоа така и нека биде. Охрид како град го има достигнато дното во областа на спортот– сметаат од Управата .  

Работите да се помрднат од мртва точка преостанува малку време, спортските работници во Охрид се плашат дека Билјана 006 ќе ја снајде истата судбина како Амак СП. 

M.Постоловски