Охриѓанки ја прекинаа серијата порази и во салата “Јасмин“ со 60-55 го совладаа тимот на Нарконон. Најпрецизна во охридскиот тим беше Рајчиноска, која постигна 24 поени,  Балазоска даде 16, а Миладиноска 12 поени.


Во наредното коло, охриѓанки играат против Вигор во Скопје.

Од записникот :

Нарконон Б. – Билјана 006 55:60 (12-16 ; 16-11; 17-20; 10-13 )
Сала”Јасмин” во Кавадарци. Гледачи: 100. Судии: Лалков – Јанков. Делегат: Бошков – сите од Кавадарци

НАРКОНОН Б: Темелкова 13, Лазова, Василевска 19, Пендева 2, Попангелова, Николовска 8, Манчева, Симонова, Каровска 13, Ѓорѓиева;

БИЛЈАНА 006: Ангелоска 6, Рајчиноска 24, Балазоска 16, Цветаноска 2, Кузеска Н., Горичан, Миладиноска 12, Кузеска Ј., Гаврилоска, Сидорова.

Ohridnews