Кошаркарките на Билјана 006 в Недела (12.00 ч.) ќе го имаат првиот настап во новата сезона. Охриѓанки гостуваат во Кавадарци кај Нарконон Балкан во првиот од двата меча во разигрувањето за пласман на завршницата на купот кој ќе се одржи во Охрид.


Во преостанатиот натпревар играат Куманово-Студент. Реванш натпреварите се играат седум дена подоцна.

Пласман на завршницата обезбедија Вигор Скопје и Изградба Комерц-Младинец.

М.П.