Дерби натпреварот од 13 коло во Првата македонска кошаркарска лига – жени викендов се игра во Охрид. Во реприза на минaтогодишното финале охриѓанки го пречекуваат актуелниот лидерот и шампионот Вигор Скопје.
Екипата на Билјана 006 е единствената екипа која успеа да го совлада шампионот минатата година, по што се навестува интересен и неизвесен натпревар во Охрид. Во првата пресметка на овие две екипи во првиот дел од шампионатот скопјанки беа поуспешни со 74-55.
Нема подобра покана за љубителите на кошараката од гостувањето на шампионот во Охрид.
Натпреварот кој в недела се игра во СРЦ Билјанини Извори започнува во 16 часот.
На останатите натпревари играат Куманово – В. Лисици и Пелистер – Гостивар.
Кошаркарите на Охридскиот АМАК СП викендов во рамките на 3-то коло од вториот дел на шампионатот госутваат во Скопје кај МЗТ ФОН Универзитет. Натпреварот се игра во 17.30 минути.
На останатие натпревари од ова трето коло играат В. Осигурување – Фени Инд. ,СвисслионП. – Карпош С. и Струмица – Фершпед Р.