На стадионот градскиот стадион во Струга се одржа вториот ФИФА развоен турнир за девојчина на кој учестуваше екипата на Билјанини Извори во две конкуренции.
Победничката серија ја продолжи генерацијата 2001/2002 која славеше на двата натпревари. Прва на менито беше екипата на Шарпланинка од Тетово која беше совладана со 1-0 со голот на Положани, додека со 5-0 беше декласирана екипата на АС ЈУнајтед од Струга.
По два гола постигнаа Ана Сарафиноска и Сања Митреска, а еден гол беше дело на Синдис Положани. По овие две победи екипата на ЖФК Билјанини Извори е врвот на табелата со 12 бодови и импресивна гол разлика од 16:0.
Генерацијата 2003/2004 во првиот натпревар загуби од Шарпланинка од Тетово со 1-0, додека ремизираа 1-1 во вториот натпревар со Асс Јунајтед од Струга. Стрелец на единствениот гол беше Кристина Мојсоска.
Да напоменеме дека се одигра и пријателски натпревар со Младост од Демир Хисар на кој славеа охриѓанки со 4-0. Два гола постигна Ристеска, а по еден гол постигнаа Наумоска и Рубаноска.
Наредниот ФИФА развоен турнир се игра во март во Охрид следната година.
Ohridnews