Членовите во женскиот фудбалски клуб Билјанини Извори заедно со уште 200 девојчиња беа дел од кампањата на светска фудбалска федерација (ФИФА) „Live your Goals“ која по втор пат се одржа во Скопје.


Домаќин на кампањата беше Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а учествуваа фудбалерки од целата земја од 5 до 13 години.


– Ова беше ново и убаво искуство за девојчињата од нашиот клуб. Најголем акцент беше ставено на дружењето и забавата и ни преставуваше чест и задоволство што бевме дел од овој светски проект. – рече тренерот Никола Николоски.


Охриѓанки имаа можност да се дружат и натпреваруваат со репрезентативките до 19 години кои играат квалификациски турнир во Скопје.

Ohridnews