Жената во медиумите успешно ја обавува оваа и тоа како сложена дејност со безброј предизвици неизвесности и ризици во кои треба целосна посветеност и многу одречување. Ова беше истакнато на еднодневниот семинар што во организација  на женскиот центар „Бисера“ викендов се одржа во х. „Чинго“ во Охрид.  Оваа дејност може да ја обавува само лице (независно дали е маж или жена) кое ја сака оваа професија, истакна г-ѓа Даница Јовановска – асистент на програмата за политичко јакнење на жената, при Националниот Совет на жените во Република Македонија. Оваа професија не се состои само во информирање туку е и значаен кратор и регулатор на општествената клима, рече Јовановска.


жените се добри новинари заклучија охриѓанки

За успешно да се обавува оваа многу значајна дејност, покрај љубовта, професионалноста и храброста, потребна е и соработка од службите за безбедност, институциите, но пред се од граѓаните, беше речено во дискусијата. На семинарот кој се одржа во рамки на проектот „Жената тоа го може“,  стана збор и за  медиумското претставување на жената, како и за можностите за вклучување на жената во политичките и општествените текови.

ohridnews