Ученичката Викторија Алексиоска од ОУ„Кочо Рацин“ е добитник на првата награда на литературниот конкурс кој по повод Струмичкиот карневал го распиша библиотеката „Благој Јанков- Мучето“ од Струмица. Конкурсот беше анонимен, односно се учествуваше под шифри а наградите беа поделени во три категории за ученици од основно, средно образование и возрасни.
Во знакот на Карневалот наградените ученици при доделувањето на наградите носеа и маски . Ученичката Викторија Алексиоска првата награда ја понесе под менторство на наставничката Наташа Неданоска.
OhridNews