Охриѓанката Нина Балабан е првиот македонски спортист кој го „чекираше билетот“ за учество на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Македонскиот олимписки комитет (МОК) во тесна соработка со Меѓународниот олимписки комитет (Трипартитна комисија), обезбеди покана за учество на Нина Балабан (спортско стрелаштво) на ОИ РИО 2016, со што стрелачката е првиот потврден учесник од Македонија на олимписките игри Рио 2016.
МОК во изминат период во целост ги финансираше сите настапи на Балабан како олимписки стипендист, при што таа оствари „MQS“ резултат односно постигна минимален резултат за добивање на покана од страна на ИОК за учество на ОИ Рио 2016.
Балабан ќе биде вториот спортист со охридско потекло кој ќе учествува на едни Олимписки игри по атлетичарот Реџеп Селман кој беше дел од Олимписките игри во Пекинг.
OhridNews