Охридската атлетичарка Мартина Мироска ќе биде единствен преставник на Македонија на Светското првенство за млади младинки во Кали, Колумбија.


Таа на Мундијалот за перспективни атлетичари и атлетичарки ќе настапи во дисциплината 100 метри. Мироска најдобрите свои резултати ги има во дисциплината скок во далечина, но и спринтовите и одат од „рака“.


– Тренираме напорно и очекувам позитивни резултати од Мартина на Светското првенство. Нејзините резултати од натпреварување во натпреварување одат во нагорна линија и треба на Мундијалот да го достигне максимумот. Вистинска штета е што не ќе може да се натпреварува во својата прва дисциплина, но што е тука. – рече Влатко Димитров тренер на атлетскиот клуб Охрид и селектор на Македонија.



Мироска моментално има најдобар резултат на 100 метри во нашата земја иако според годините се уште се наоѓа во младинска конкуренција.

Мх.П.