Охриѓанката Маја Ангеловска беше дел од македонската „Серва“ репрезентација, која го освои бронзениот медал во мешани двојки на Светското првенство во Никозија, Кипар.
На 11-от Мундијал по ред учествуваа вкупно 24 земји, а се натпреваруваа во четири категории (машки, женски, мешани двојки и мешани тројки).
Во малото финале во мешани двојки македонската репрезентација составена од Ангеловска, Мартина Димкоска, Петар и Боба Стојаноски го совладаа домаќинот Кипар и се закија со бронзениот медал.
Ангеловска во поединечна категорија заврши на четвортото место губејќи во борбата за третото место од турската преставничка.
– Учеството на Светското првенство во „Серва“ беше за мене ново и незаборавно искуство. Јас имав многу малку тренинзи пред да настапам на шампионатот и затоа загубив во одлучувачките натпревар. Апетитите ми пораснаа и уште сега кројам планови за следната година кога има Европско првенство. – рече Ангеловска.
Македонската „серва“ репрезентација датира од 2007 година и веќе има пет учества на големи натпревари со забележителни резултати.
Мх.П.