Охриѓанката Маја Ангеловска беше дел од македонската репрезентација која се натпреваруваше на Јадранските игри во хрватскиот град Риека.
„Црвено жолтата“ експедиција второто учество на Јадранските игри го заокружи со освојување на третата позиција во многу квалитетна конкуренција.
Ангеловска од шест дисциплини се натпреваруваше во пет и забележуваше одлични резултати помагајќи им на останатите репрезентавци за што подобар пласман.
Нашата сограѓанка често учествува на игри од ваков карактер за кои е потребно добра физичка подготвеност.
Ohridnews