Со погодок во финишот на средбата охриѓанката Симона Крстаноска донесе победа за Македонија 4-3 на пријателскиот натпревар со Црна Гора за репрезентативки до 19 години.

Селекцијата на Македонија прва стигна до предност со голот од далечина на Митреска. Црнгорките неколку минути подоцна изедначија, но до крајот на првиот дел Маркоска го врати водството за “црвено жолтите“.

На стартот од вториот дел со првиот погодок на Крстаноска, Македонија го зголеми водството 3-1.  Тогаш следуваше недозволиво опуштање во домашниот табор, кој гостите го искористија и со два брзи погодоци стигнаа до егал.

Кога сите очекуваа крај, Крстаноска со вториот погодок на мечот донесе триумф за Македонија. Охриѓанката најдобро се снајде во казнетиот простор по нафрлувањето од Маркоска, таа ја прими топката и ладнокрвно ја смести во мрежата.

Избраничките на селекторот Астрит Мерко им се реваншираа на своити врснички од Црна Гора за поразот 2-1 на првиот контролен натпревар.

Мх.П.