Охридската тенисерка Ива Кецкарова триумфираше на шестиот меморијален турнир „Александар Славковски“ кој се одигра во организација на Тенискиот клуб Југ од Скопје.
Охриѓанката во категоријата јуниорки до 11 години го потврди квалитетот победувајќи во финалето во три сетови против тенисерката од Велес.
Во полуфиналето членот на Тенискиот клуб Охрид триумфираше против домашната тенисерка, а во првото коло беше слободна поради најдобриот рејтинг.
Со победата на турнирот во Скопје, Кецкарова се зацврсти на првата позиција во својата категорија на национално ниво.
OhridNews