Членот на охридскиот стрелачки клуб, Нина Балабан отпатува во Москва, Русија каде на Европското првенство ќе ја брани македонската чест.

За охриѓанката Балабан ова е трет настап на Европските првенства по учеството во Данска и Финска, a ќе се натпреварува во воздушна пушка во категоријата јуниори.

Спортска биографија Нина Балабан 

Родена 02.11.1995 во Охрид,

О.С.У “Св. Климент Охридски” Охрид

_____________________________________________________________

  • Член на Стрелачки клуб ОХРИД од Февруари 2009 год.
  • Член на Репрезентација на Република Македонија.
  • На 09.06.2009 г. во Национална програма со воздушна пушка во Прилеп резултат од 174 кругови со освоено второ место;
  • На куповите со возд. пушка во нац. програма освоено е второ место, сребрен медал
  • На 21.06.2009 г. државен натпревар со 181 кругови, на кој е освоено прво место – златен медал и исто така екипно 495 кругови, прво место.
  • На 29.11.2009 г. на училишниот натпревар постигнат е резултат од 159 круга со освоено второ место – сребрен медал
  • На 15.11.2009 г. во меѓународна програма одржан е осми куп на кој резулататот изнесува 361 кругови
  • На 01.11.2009 г. одржано е натпреварување во Врање каде се постигнати 545 кругови и освоено второ место
  • На последниот меѓународен куп во 2009 одржан на 06.12.2009 резултатот изнесува 377 кругови со заслужено второ место за цела 2009 година.
  • Но на 10.12.2009 г. во Белград беше одржано интернационално првенство на кое резултат изнесуваше 372 кругови и Гран При на Белград со освоени 377 круга и постигната минимална олимписка норма
  • На 31.01.2010 г. одржан е првиот куп за 2010 година каде постигнатиот резултат изнесува 344 круга со освоено трето место
  • На 07.02.2010 г. одржан е вториот куп со освоен резултат од 370 круга и заслужено второ место
  • На 16.02.2010 г. во Косово одржано е натпреварување на коерезултатот е 363 круга со освоено трето место и бронзен пехар.
  • На 21.03.2010 г. одржан е третиот куп со резултат од 369 круга и освоено прво место
  • На 11.04.2010 г. одржан е четвртиот куп во Скопје со резултат од 365 круга и освоено прво место
  • На 18.04.2010 г. одржан е петтиот куп во Скопје со освоен резултат од 370 кругови и заслужено прво место
  • На 08.05.2010 г. одржан е шестиот куп во скопје со постигнат резултат од 373 кругови и освоено второ место
  • На 09.05.2010 г. во Врање постигнат е резултат од солидни 368 кругови
  • На 24.10.2010 г. одржан е купот во Прилеп со освоени 377 круга и второ место
  • На 13.11.2010 г. одржан е купот во Скопје со освоен резултат од 370 круга и освоено второ место
  • На 19.02.2011 г. во Приштина е достигнат највисокиот личен резултат од 381 кругови со заслужено второ место и сребрен пехар
  • На првиот куп во Прилеп одржан на 26.02.2011 г. освоени се 373 круга и второ место
  • На 03.12.2011 г. во Загреб е постигнат резултат од 376 кругови со постигната минимална олимписка норма
  • Но на 10.12.2011 г. во Белград беше одржано интернационално првенство на кое резултат изнесуваше 372 кругови и Гран При на Белград со освоени 373 круга
  • 14.02.2012 година одржано европско првенство во Финска со резултат од 350 круга
  • 20.05.2012 г. во Сандански Р.Бугарија освоено прво место со резултат од 386 круга
  • На тромечот во Охрид (Македонија, Србија и Бугарија) освоено второ место
  • По повик на Српскиот стрелачки сојуз на Србија како единствен претставник на Македонија, учествував на “Walter” – купот во Кевелер, Германија 390 kruga
  • На Пирин-купот во Благоевград, Бугарија со 394 круга освоено прво место
  • Државен првак за 2012 година
  • На турнирот во Прилеп за 11 Октомври со 587 круга освоено прво место во женска категорија а второ место во апсолутна категорија на такмичење мажи и жени, јуниори и сениори во не соодветна дисциплина 60 АП
  • На Белградскиот „Интернационален“ турнир со 383 круга освоено 70 место, а наредниот ден на 16.12.2012 г. на меѓународниот турнир „Гранд При Белград“ со испукани 391 круга освоено 39 место
  • Контролен натпревар Скопје 27.01.2013 g. I место 380 круга
  • На 27.01.2013 г на Мегународниот турнир во Врање по повод на ослободувањето на Врање од турското ропство освоени 381 круга и златен медал во јуниори и пехар за трет најдобар резултат во апсолутна категорија.
  • I  куп Меѓународна програма16-17.02.2013 г. Скпопје 402,2 круга (државен рекорд)
  • II куп Меѓународна програма освоено прво место и нов рекорд
  • III куп Меѓународна програма освоено прво место
  • ЕП Оденсе Данска 27.02.2013, 57 место 405,5 круга ( нов држ. рекорд)
  • По повод 11ти Октомври на турнирот во Прилеп освоено прво место
  • На Белградскиот „Интернационален“ турнир со 405 освоено 17то место во јунорска категорија
  • На Медитеранските олимписки итри во Мерсин, Турција освоено 11-то место
  • На Илинденскиот турнир прво место во севкупна конкуренција ( мажи и жени ) со повторно соборен нов рекорд 408,2 кругови
  • На финалниот меч по повод 08.09.2013 освоено прво место
  • 16.10.2013 IV куп на Македонија освоено прво место
  • V куп на Македонија освоено прво место
  • VI куп на Македонија освоено прво место и признание за државен првак и рекордер на Македонија
  • На 26.01.2013 г на Мегународниот турнир во Врање по повод на ослободувањето на Врање од турското ропство освоени 391 круга и златен медал во јуниори и пехар за најдобар резултат во апсолутна категорија.
  • 30.01.2014 – прогласена за Амбасадор на ИОК;
  • 07.02.2014  Најдобар спортист за 2013 во Охрид;
  • 22.02.2014   I место на  I – Куп вo 2014 на МССФ со 406 круга.

Мх.П.