Охриѓанката Александра Стојаноска, на годинешното јубилејно 25-то издание на фестивалот „Гоце Фест“ за нови родољубиви и патриотски песни, ја освои наградата за најдобар дебитант.
Нашата сограѓанка ја изведе песната „Илинден и АСНОМ да ги славиме“, за чиј аранжман и музика се погрижи Трајче Апостолов, текстот е на Миле Ситнокоски, а кларинет Ристо Краповски.
Стојаноска, која има 22 години, во моментов работи на нови авторски песни, кои планира да ги презентира на фестивалите во периодот кој претстои.
Инаку, овогодинешното издание на „Гоце Фест“ кое се одвиваше во три фестивалски вечери, се оддржа во Крива Паланка, Радовиш и Скопје. Покрај охриѓанката Стојаноска, на фестивалот настапија Виданка Георгиевска, ансамлот „Билјана Јуниор“, Ванчо Тарабунов, Ристо Краповски, Пепи Димоска, Круме Спасоски, Орце Стефковски, групата Соната, Павле Кајмакоски, Мишко Талески и други.
O.T.