По повод најавената светска конференција за климатски промени што треба да се одржи во декември во Данска, денеска во 19ч. во Скопје  во галеријата на швајцарската амбасада, во организација на Светска банка ќе биде отворена изожбата “Климатски промении – културни промени”.


Од четириесетте уметници кои ќе бидат претставени на изложбата 14 се македонски автори, меѓу кои и Ели Аиноска-Аин од Охрид.  Селекцијата на учесниците била  извршена од страна на историчарот на уметност Марина Галвани-главен арт куратор од Банката и од уметничкиот директор на “Kunst hale”во Луцерн, Лилијан Фелман.


Аиноска ќе се претстави со слика и 4 објекта , насловени како “less from the world..less from the art”, алудирајки на она што може да се случи како последица на глобалното затоплување.


Аиноска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Моментално е на постдипломски студии. Има три самостојни изложби во Охрид , Белград и Кавадарци, а учествувала на многу групни изложби во земјата и странство.

Ohridnews