На Европската математичка олимпијада за ученички во Минск, Белорусија, која заврши денеска, Теодора Бујароска ученик во ОСУ Св Климент Охридски -Охрид под менторство на професор Валентин Чачор освои бронзен медал. Македонската репрезентација ја сочинуваа уште Теа Стоилкоска, Анастастија Трајанова и Сања Симоновиќ, исто така од Охрид, која оваа година ќе ја претставува Македонија и на Балканската и Светската математичка олимпијада.
Претходно на 4-ти аpрил наУниверзитетот ФОН-Скопје, се одржа Македонската математичка олимпијада 2015, за учениците од средното образование, на коja Теродора Бујароска исто така освои бронзен медал, а со истото одличје на националната олимпијада се закити и Виктор Домазетоски. Двајцата се ученици во IV година во ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид под менторство на професор Валентин Чачор.
OhridNews