Охриѓанка синоќа била нападната и ограбена пред влезот во својот дом. Инцидентот се случил на прометната улица „Јане Сандански“ околу 23 часот. Во разговор за OhridNews таа истакна дека немилиот настан се случил по враќање од културен настан. Додека приоѓала кон домот слушнала трчање по што непознат маж силно ја зграпчил за главата и вратот и насилно и ги одзел ѓерданот и другиот накит кој таа го носела на себе, по што избегал во непознат правец.
Нападнатата не успеала да му го види лицето на напаѓачот, но според нејзиното кажување во околните објекти за продажба на храна имало многу луѓе кои сигурно го забележале.
Таа случајот веднаш го пријавила во охридската полиција.
Нападната охриѓанка очекува надлежните институции да го расветлат инцидентот, но и да поводат грижа за општата безбедност во градот во туристичката сезона. Таа изрази загриженост за својата безбедност, како и за безбедност на младите и децата кои овој период од годината слободно шетаат и се задржуваат надвор до подоцна во ноќта.
OhridNews