Две македонски државјанки, од кои едната охриѓанка, а другата стружанка, утринава околу 8:50 ч. загинаа во тешка сообраќајна незгода што се случи во близина на Воден, Република Грција.
Во сообраќајната незгода тешко се повредени уште три охриѓанки.
Неофицијално дознаваме дека погинатата охриѓанка е Мирјана Неделкоска,(36) сопственичка на бутикот ” Пинк”. Во несреќата животот го загуби и Кети Трпческа(37) од Струга, а тешко повредени се Маја Бакалова, сопственичка на бутикот “Биг Бен” и Ленче Симјаноска, сопственичка на бутикот “Виола” и Родне Димоска, сопственичка на бутикот „Софи“.
Несреќата, неофицијално, се случила кога автомобилот “Рено лагуна “со кој управувала Симјаноска се лизнал на влажниот коловоз и удрил во банкината, по што удрил и во камион “Сканија” со грчки регистерски таблици и неколкупати се превртел.
Пред да излезе со официјално соопштение, македонското министерството за надворешни работи очекува детални информации за несреќата од македонскиот конзулат во Солун.
А.Р.