Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување туѓи права“ и „злоупотреба на службената положба и областување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40- годишна охриѓанка.
Како што информираат од МВР, пријавената, на 18- ти мај годинава, свесно и со умисла склучила 18 лажни договори за фиктивно отуѓување – купопродажба на патнички моторни возила од кои 13 со фирма чиј управител бил нејзиниот сопруг, три со физичко лице од Ресен и два договори со физички лица од Охрид. На ваков начин пријавената се обидела да спречи попис и проценката на нејзините подвижни предмети (моторни возила) за да не се спроведе одземање на истите и да се оневозможи исплата на парични средства од нејзината фирма како должник спрема доверителот, еден од телефонските оператори во земјава.
На тој начин пријавената го оштетила телефонскиот оператор, со износ од 678.792 денари и други трошоци према други институции. Откако дознала дека извршител доставил барање за добивање на информации кои патнички моторни возила ги поседувал должникот, пријавената извршила фиктивна купопродажба на две патнички моторни возила сопственост на нејзината фирма. Кривичните дела ги направила откако добила информација дека правен застапник од Скопје поднел барање за извршување врз основа на извршна исправа-пресуда од Апелациониот Суд-Битола за наплата на главен долг во износ од 687.792 денари, наплата на адвокатски трошоци во износ од 43.381 денари и наплата на процесни трошоци во износ од 34.489 денари.
OhridNews