Охриѓаните во скопскиот второлигаш Еуро Милк, Наум Велјаноски, Дарко Иловски и Филип Митрески во 20-та рунда од Втората македонска фудбалска лига ги очекува дерби средба против второпласираниот Гостивар.


“Сините“ немаат право на грешка откако во 19-та рунда на домашен терен ремизираа со Руфеја без голови 0-0.

– На мечот со Руфеја кикснавме откако не успеавме да го пробиеме нивниот бедем пред голот. Оваа сезона сите во клубот сме решени дека ќе обезбедиме пласман во Првата лига, а за тоа бодови ни се потребни од вакви дерби средби, затоа против Гостивар одиме на победа – потенцираше Велјаноски.

До крајот на сезоната во Втората лига остануваат уште десет натпревари, а “млекарите“ се наоѓаат на 4-та позиција со два бодови негатива од лидерот на табелата Скопје.

Мх.П.