Дерби натпреварот од Втората Македонска фудбалска лига помеѓу Тетекс и Беласица, ќе го води охриѓанецот Стевчо Шулески. Помошници на Шулески ќе бидат Јолески Злате од Демир Хисар и Мацески Ацо од Струга. 4 – ти судија е Мустафи Фатон од Тетово.

Покрај Шулески, уште еден охриѓанец ќе биде во центарот на вниманието,тоа е Аце Толески кој ќе го предводи нападот на Тетекс. Толески кој зимава дојде во Тетово постигна два гола во дресот на “штофарите“

М.П.