Откако победија на отворениот конкурс за млади и неафирмирани бендови, охридскиот панк бенд „The Author“ вечерва настапува на манифестацијата „Пиволенд“ која се одржува во Скопје.
Најпрво од 18:00 часот, тие ќе бидат дел од главната сцена свирејќи заедно со македонските бендови и артисти како Мизар, Леб и Сол, Д Џон и останатите, додека од 22:30 ќе настапат на „Фреш“ сцената која треба да обезбеди позитивен импулс и свежина на фестивалот.
Инаку, бендот после осум години постоење на македонската алтернативна музичка сцена, го издаде својот деби албум насловен како „Чао чао“.
OhridNews