„Свиревме во многу добри клубови, но и на многу чудни места што организаторите ги приспособиле специјално за настапот. Сцената често ја делевме со други бендови, а како група добро се вклопувавме во општиот музички амбиент. Сето тоа за нас, претставува едно големо искуство. На сите одржани свирки настојувавме да сме едно исто со публиката, и мислам дека во таа намера и успеавме“ – додава Савески.
Од позната охридска група, истакнуваат дека ја свират музиката со која израснале, а тематика опфатена во песните се проблемите што ги опкружува младите. „Ако ги слушнете нашите песни, ќе сретнете теми за пријателство, љубов, омраза, религија, па дури и политика. Тоа е наше лично гледање на светот, без никаква намера да му се некому наметнеме.“ – велат момците од Хардфејсд.
Според Савески, членовите на бендот поголемиот дел од слободно време го посветуваат на музиката, а постојано се на релација Скопје-Охрид. Повеќето ги завршиле студиите во главниот град, каде што некои и работаат, но често ги „влече“ и родното место. Моментално , момците работат на новиот материјал. „Наредната година треба да се појави нашиот трет студиски албум. Песните ќе бидат поразлични од претходните, како текстуално така и во музичкиот пристап. Се надеваме дека публиката добро ќе ги прифати. Сега бараме издавач за европскиот пазар, каде би се пласирал нашиот најнов албум. “ истакнува Савески.
Според него, и целата наредна година ќе биде исполнета со свирки и настапи. Планирана е голема европска турнеа, со која ќе се одбележи и десетгодишнината од основање на бендот.