Во текот на вчерашниот ден, шестчлната охридска дружина „Хардфејсд“ успешно го промовира својот дебитански видео запис.

После девет години жестока борба на хард-кор сцената, охриѓаните својот зенит го крунисаа со официјалниот спот за песната „Running your own shadows“. Видео сказната содржи ексклузивни материјали од нивната балканска турнеа, со која во текот на ноември успешно ја промовираа музиката вон границите од земјава.

За видео материјалот, се погрижи нивниот долгогодишен соработник Пеце Настевски, како и еден од гитаристите на бендот, Горан Велјаноски.

Инаку, момците од Хардфејсд се едни од ретките музички состави кои ги излегоа од стегите на македонското општество, успешно промовирајќи се ширум Балканот и Европа. Зад себе имаат два студиски албуми, а за идниот период планирана е голема европска турнеа како дел од промоцијата на третиот албум.

Охриѓаните „Хардфејсд“ успешно се промовираа низ балканските земји

OhridNews