Охридскиот хард-кор состав „Хардфејсд“, идната сабота со настап во скопскиот клуб „Хавана“, ќе го одбележи своето 10-годишно постоење на македонската сцена.

Нашите сограѓани, бината ќе ја делат со  легендарните софиски хардкорци Last Hope, белградските The Bridge, а покрај нив ќе настапат и скопјаните Screaming for Change.

Инаку, во изминатите 10 години, охридските хардкорци зад себе оставија два албуми, многубројни свирки во и вон границите на Македонија, а пред околу една година реализираа турнеа по балканските земји.

OhridNews