Охридскиот хард-кор состав „Хардфејсд“ наредниот викенд настапува во Скопје. Во рамките на фестивалот  насловен како „Last day on Earth Fest“, покрај нашите охриѓани ќе настапат легендарните софиски хардкорци Last Hope, холандските No Turning Back и двата скопски состави Shock Troopers и Trendkill.  


 
Охриѓаните после балканската турнеја, се враќаат на домашната сцена со нова енергија. Фестивалот ќе се одржи на 21.12 во петок, а почетокот е закажан за 20 часот. Техничка подршка за бендовите ќе бидат охридските „Zograf Amplification“.

OhridNews