Охридскиот хардкор – метал состав „Hardfaced“ на 13-ти ноември заминуваат на Европска турнеја.

Двонеделната турнеја ќе започне од Србија, па продолжува низ Унгарија, Чешка, Германија, Луксембург, Холандија, Белгија и Словенија.

„Hardfaced“ постојат од 2004-та година. Зад себе имаат три албуми, стотина концерти и фестивали низ целиот Балкан, а ова е нивна трета Европска турнеја во последните две години.

Во февруари годинава „Hardfaced“ го објавиja видео спотот за песната „Двете Зла“ од својот трет студиски албум, кој е своевидно видување на актуелните случувања во земјата.


 „Hardfaced“ – “Двете Зла”

OhridNews