Охридската металкор група  „Hardfaced“ вечерва ќе настапи во Swinging Hall во Софија, заедно со Romeo Must Die (следбеници на легендарните металкор англичани Stampin’ Ground  и  Underdogs од Софија. Свирката е во организација на Reactmusic.

Оваа свирка воедно ќе претставува и официјална промоција на албумот на „Hardfaced“- „More Than Hate“ во Бугарија, кој што на 28 декември излезе на бугарскиот пазар во издание на издавачката куќа Years of Pain.

ohridnews