Охриѓаните Иван Георгиески, Иво Наумоски и Боби Целески кои настапуваат за клубот Македонија Ѓорче Петров обезбедија пласман во финалето од Купот на Македонија во кадети.

До финалето „лавовите“ стигнаа откако во полуфиналниот двомеч беа поуспешни од Вардар. Првиот натпревар заврши со минимални 1-0, а вториот без погодоци 0-0 и го промовираше тимот на Македонија за финалист.

Во финалето противник на охриѓани кои ги бранат боите на Македонија ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Тетекс и Работнички од Кавадарци.

Мх.П.