После многубројните свирки,концерти и фестивали ширум земјава,вклучувајки  ги „Оди вежбај фест“, „Rock Фест 2007“, хуманитарни мконцерти и други настапи, охридскиот sypmho-ambient-gotik бенд  „Fade to Black“   повторно влегува во студио.

Ќе се снима долгоочекуваното кратко првенче „The Land Of The Thousnad Sins“ а промоцијата е закажана за 28 септемвриво Охрид.

Покрај познатите „Call me Sin„ i „To The Fallen“  на албумот ќе има  уште 4 песни со вкупно времетранје на матријалот од околу 25 минути.

Инаку синоќа во клубот „X Фактор“ во Охрид се одржа вториот андерграунд фестивал „Една љубов“ 2 на кој настапија повеќе бендови од Охрид меѓу кои и „Fade to black“.

ohridnews