Охриѓани уште еднаш покажаа висока хуманост. Преку соодветна програма на соработка и мотивација на крводарителите за доброволно дарување крв, со организирање на редовни и вонредни крводарителски акции, во изминатата година сe реализирани 2456 дарувања крв, односно предвидениот план беше надминат и реализиран со 135 %, информираше  Црвен крст – Охрид.

Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи, велат од Црвениот крст – Охрид.

Како гест на благодарност кон нив, а по повод Денот на крводарителството во Р. Македонија,  Црвен крст Охрид на 18.03.2008 год. (вторник), со почеток во 13:00 ч., во хотел “Ривиера“, организира свеченост на која ќе бидат доделувани признанија на заслужни крводарители, поединци и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството.

ohridnews